
Со денешните натпревари од 22. коло беше затворен вториот круг во Првата македонска фудбалска лига, па викендот започнуваат натпреварите од третиот натпреварувачки круг во фудбалската елита на Македонија.
Скопското дерби меѓу Работнички и Вардар заврши со победа од 0:2 за Вардар, откако имаше и пенал кој не го реализираше Омерагиќ кој биеше над голот, но потоа веднаш Вардар преку Спахиу го отвори резултатот на 0:1. Во финишот на мечот Мато ги постави конечните 0:2.
Шампионот Струга конечно победи откако со убедливи 3:0 го декласираше лидерот Шкендија од Тетово.
По 0:0 во првиот дел, во второто полувреме шампионот преку Радич го отвори резултатот за водство, а потоа Радески зголеми на 2:0. Со втор гол Радич зголеми на високи и конечни 3:0.
Во Битола се соочија Пелистер и Воска Спорт каде домашниот тим беше минимално подобар со 1:0, со голот на Бошковски.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш на домашен терен играше против Шкупи, каде во финишот од мечот постигна гол за 1:0 и голема победа во тешката борба за опстанок. Стрелец беше Садик, а гостинот од првиот дел беше со играч помалку на теренот.
Силекс ја торпедираше во целост Беса која останува „закована“ на дното откако загуби со убедливи 0:5. Гостинот од Кратово резултатот го отвори по три минути игра преку Алиќ. Во 29. минута Ѓорѓиевски погоди за 0:2, а Хрвановиќ за 0:3 на полувреме. Во вториот дел Оусман постигна гол за 0:4. Мрежата на Беса продолжи да се тресе, откако Донов постигна фантастичен гол за конечни 0:5.
Брера Струмица запиша нов пораз и никако да победи во пролетниот дел, откако Готивар во судиското надополнување постигна гол за триумф од 0:1 со голот на Ли Ервин.
Александар Ванев, М-Нет