Мицкоски: Наместо младите да ги понлат автобусите за странство како измиантите седум години, ќе ги полнат за да се враќаат назад

Наместо младите да ги понлат автобусите за странство, како измиантите седум години, ќе ги полнат за да се враќаат назад, рече премиерот Мицкоски во денешната изјава. Целите се поставени за 5000 нови работни места, но според инфомрациите на премиерот бројката е дуплирана, благодарение на новите проекти, кои што бараат финансирање од унгарската линија.

“Тие проекти ќе донесат многу повеќе работни места. Кога разговаравме со стопанскаите комори постаивме на цел од 5 000 нови работни места, но моите информации велат дека бројката е дуплирана со овие проекти, кои што бараат финансирање од оваа унгарска линија и тоа се 380 милиони евра. Очекувам бројката да дојде и до половина милијардат, што замене предизвикува предизвик и инспирација да побарам нови средства за бизнисот, бидејќи тој сакаа развој. Младите да не биде како изминатите седум години да ги полнат автобусите и да се седлат, туку да ги полнат автобусите и од таму каде што се иселени да се враќаат назад.“, вели Мицкоски

Со 250 милиони евра, владата го поддржа стопанството за да обезбеди работни места за работниците истакна Мицкоски и да ги зачува местата на работниците како ниту една влада, додава тој.

Со ваквите новитете, кои премиерот ги соопшти во денешната изјави, од една страна ќе претставува поттик за да се вратат лугето од странство, а од друга страна да се подобрат платите, за кои во моментот се работи да растат.

Иван Митев, М-Нет