
Денес се играат натпреварите од 3. коло од Првата македонска фудбалска лига, а во Битола ќе се соочат екипите на повраникот Пелистер и Силекс од Кратово.
Битолчани ќе атакуваат на прва победа како повратници во Првата лига, додека пак Силекс сака продолжува на одличната игра како што беше против Брера Струмица и нови три бодови.

Силекс пред натпреварот со Пелистер во Битола дојде ден порано, а вчера одработи тренинг на теренот во битолското село Црно Буки, терен кој е во одлична состојба и кој послужи како место каде Силекс се подготвува за Пелистер.

Инаку, на теренот во Црно Буки во минатото настапуваше некогашниот третолигаш ФК Црно Буки, а овој терен секогаш важел за еден од најуредените терени кој нуди одлични услови како за официјални натпревари, така и за подготовки.
Александар Ванев, М-Нет