Се финализираат активностите за изградбата на типските куќи во Штип, овој месец се очекува да бидат завршени

Се финализираат активностите за изградбата на типските куќи во нас. Св. Недела во Штип. Согласно динамиката, предвидено е во овој месец истите да бидат завршени и да се започне со нивно доделување. Градоначалникот Иван Јорданов, рече дека со решавањето на овој проблем за згрижувањето на многуте семејства, ќе се реши и инсфраструктурниот проблем на бул. Партизанска.

,,Работиме на овој проект, а истиот е во заврша фаза. Долги години наназад се комуницираше за потребата за изградба на ваков тип на објекти, кои што ќе бидат сместувачки капацитет за ромски семејства, така да верувам дека еве согласно динамиката предвидена дека во овој месец, ќе се финализираат активностите и веќе ќе преминеме на чекор на доделување на објектите на користење. Верувам дека на овој начин ќе се решат неколку прашања, пред се сместувачкото и згрижувањето практично на многу ромски семејства, но она кое што исто така не трагетира исто така нас како граѓани на Општина Штип е решавањето на инфраструктурниот проблем, кои што досега го имавме на потегот кај булеварот партизанска., помегу нас 8 ми ноември и ас баби. Така да вберувам дека со решавањето на едениот проблем, ќе се реши и нфраструктурниот проблем, кој што е видлив.“, вели Јорданов

Доизградбата на бул. Партизанска за сега е во блокирана фаза вели Јорданов се до решавање на станбеното прашање на неколкуте семејства, кои што живеат се уште во моментот на овој потег, додава тој.

Инаку, со згрижувањето на овие семејства, од една страна тие ќе имаат подобри услови за живот, а од друга страна ќе се доизврши бул. Партизанска во близина на кој што има и градежни активности за изградбата на лидл марект.

Иван Митев, М-Нет