
Инфлацијата во март годинава споредбено со месец февруари е намалена за 1.3%, покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика. Намалувањето е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групите храна и безалкохолни пијалаци за 3.0 %, транспорт за 1.8 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.5 % и разновидни стоки и услуги за 0.3 %.
Согласно ова и министерот за еконмија, Бесар Дурмиши посочи дека цените на основните прехрамбени производи се стабилизираат и намалуваат.
„Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи се стабилизираат и се намалуваат. На годишно ниво во март 2025 година, во споредба со март 2024, инфлацијата мерена преку трошоците за живот изнесува 2,7 отсто. Континуирано работиме на мерки за подобрување на стандардот на граѓаните и стабилизација на цените“, напиша министерот Дурмиши.
Но, од друга страна граѓаните не гледаат значителни разлики во цените на производите. Иако овој месец на сметка ги добија и покачените пензии, сепак велат дека не се чувствува бидејќи постојано растат и цените на производите. Дел од повозрасните граѓани во Штип, излез за младите од ваквата ситуација со цените гледаат во барање работа надвор од границите на државата.
„Не верувам, се сомневам дека нешто е намалено, а и да е намалено тоа сигурно е минимално.
Владата на предлог на Министерството за економија и труд донесе одлука за ограничување на профитната бруто-маржа на 102 групи со основни прехранбени производи, како и одлука за утврдување највисоки цени на 8 групи со основни прехранбени производи. Овие две одлуки стапија во сила на 20 февруари и ќе важат до 30 април 2025 година.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет