Се уредуваат тротоарски површини на улица „Сајбие Демир“ во Штип

Се уредува тротоарска површина на улицата „Сајбие Демир“ во населбата Сењак 4 во Штип. Општината работи на повеќе позиции во градот, со цел подобрување на условите за живот, уредување на влезовите пред станбенте згради и слично. Активностите на оваа улица треба целосно да бидат завршени во наредните неколку денови.

„Моментално Општина Штип преку економски оператор работи на повеќе позиции во нашиот град. Денес се наоѓаме на улицата Сајбие Демир каде се уредува тротоарска површина и пристапни делови до станбени згради. Во наредните денови овде комплетно ќе се заврши планираната активност која во вредност е нешто помалку од еден милион денари. Проектот за уредување на станбените згради, на пристапите, во изминатите три години е позитивно прифатен од нашите сограѓани.“ – вели Јорданов.

Паралелно се работи и на улицата Пиринска. Овде претходно се работеше на подземната инфраструктура, како и на асфалтирање на самата улица.

„Паралелно на ова партерно уредување се работи и на улица Пиринска каде исто така се

уредуваат пристапните влезови до неколку станбени згради.“ – додава Јорданов.

Со активностите на терен Штип се уредува инфраструктурно со што се подобрува изгледот но и условите за граѓаните.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет