
Васе Ташевски од карбинско Долни Балван, веќе три децении одгледува лозје во неговиот двор и произведува домашна ракија, традиција што ја наследил од татко му. И оваа година тој со маказите во рака, почна со бербата. Задоволен од родот, а од лозницата од неговиот двор очекува да набере над 1000 килограми грозје. За него гроздоберот не е само берба, туку семејна приказна што трае со генерации.
Лозјето не го прска, го наводнува само неколку пати и везден го штити од врапци, со свој практики.
Инаку, грозјето за некого само берба, но за Васе останува мерак. И оваа година тој ќе ја наполни бочвата, ама и срцето уште една есен по таткова мерка.
Иван Митев, М-Нет