
Конечно утре,сабота ќе се спушти фудбалската завеса во Втората македонска фудбалска лига група Исток во која патеката први ја истрчаа играчите на Брегалница од Штип. Во година на стогодишниот јубилеј играчите на Брегалница на градот и на симпатизерите им го вратија по четири годишно отсутво прволигашкиот сјај кој толку беше посакуван уште од сесоната 2016/2017. Распоредот сакаше токму во ова последно 27 коло да се сретнат претендентите за шампионската титула, Брегалница и Тиквеш од Кавадарци, но штипјани без пораз се единствени во трите најсилни фудбалски лиги, кои веќе се радуваат на прволигашкиот успех. Тиквеш ќе брка и ќе бара можност и начин преку бараж да се избори за прволигашки статус. За овој меч веќе се делегирани и официјалните лица, судиската четворка од Кичево ќе ја предводи Марјан Дејановски на кого ќе му помагаат Лика Кустрими, Давор Цветановски и Александар Грујоски како четврти судија. За Делегат е делегиран некогаш познатиот штипски фудбалски ас Благоја Петров од Велес а Контролор ќе биде Зоран Николовски од Скопје. Натпреварот Брегалница – Тиквеш директно ќе го пренесуваме на нашата Мнет ТВ и на каналот Мнет Спорт и секако завршниот церемонијал од предавање на шампионскиот пехар од претставниците на ФФМ на капитенот на Брегалница Ристе Наумов. Еве ги комплетните двојки за ова последно 27 второлигашко коло:
- Брегалница – Тиквеш
- Каменица Саса – Росоман
- Плачковица – Осогово
- Победа – Кожув
- Слога – Кит Го Пехчево
Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 15 мај 2021 г. со почеток во 16.00 часот без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk