
Се уште се решава проблемот со пукнатата цевка во маркетот под зградата на улицата Христијан Карпош во Штип. Станарите велат дека дефектот бил многу поголем отколку што првично се мислело, но според нив, најголем дел од работата веќе е завршена. Очекуваат во текот на денот повторно да добијат вода и да се среди состојбата. Дел од станарите велат дека има револт кај соседите, бидејќи не се симнале долу да видат што точно се случува и немаат целосна слика за проблемот, па затоа реагираат гневно. Велат дека малкумина изглегле да видат како се работи на терен, додека другите само коментираат од дома. Додека трае санирањето на дефектот, дел од станарите заминаа кај своите пријатели и роднини, додека не добијат целосно вода.
Според информациите на станарите, водоводната линија за зградата и маркетот веќе е одвоена и повеќе нема да бидат поврзани на иста мрежа. Велат дека ова е направено со цел да се спречат вакви дефекти и проблеми во иднина, за станарите повторно да не останат без вода.
Очекувања се дека, во текот на денот станарите ќе добијат вода и повеќе нема да имаат вакви или слични проблеми во иднина.
Иван Митев, М-Нет