
В недела со почеток од 17 часот ќе се одиграат натпреварите од 21. коло на Трета лига – Исток, коло кое е претпоследно за оваа натпреварувачка сезона.
Лидерот Победа Валандово ќе има незгодно гостување кај Карбинци, каде „калинкарите“ на „женскиот“ терен ќе мора да ги освојат трите бодови со цел да го сочуваат првото место на табелата кое води кон баражот за Втора лига.
Тешко гостување го очекува и второпласираниот Овче Поле, кој ќе гостува на стадионот „Кукуш“ кај поранешниот вицешампион Хоризонт Турново, тимот од Свети Николе кој е втор не смее да си дозволи било каков „кикс“, бидејќи на таков начин ќе биде голем чекор назад во трката за првата позиција.
Во Струмица ќе се игра мечот меѓу Тиверија и Ударник од Пирава, во меч каде гостинската екипа е фаворит за трите бодови.
Во рамки на оваа коло слободни се Дојранско Езеро и Малеш од Берово.
Александар Ванев, М-Нет