
Во тек е реконструкцијата на детското игралиште во село Долни Балван, дел од планот и програмата за работа на Општина Карбинци за оваа тековна 2024 година. Ова детско игралиште ќе биде опремено со нови детски реквизити со кои ќе се задоволат потребите на граѓаните од ова населено место. Градоначалникот, Виктор Паунов, денеска од лице место посочи дека на ваков начин се придонесува за подобар начин на живот на сите, пред се на најмалите.
„Продолжуваат градежните активности, конкретно се работи на неколку игралишта кои се согласно овој план и програма. Во Долни Балван овде ќе биде завршено и детското игралиште кое е предмет на реконструкција односно изградба. Ова детско игралиште, детско катче ќе добие реконструирани реквизити и дел нови содржини.“ – вели Паунов.
Освен детското игралиште во Долни Балван реконструирано ќе биде и едно детско игралиште во село Козјак, а модерно детско игралиште со ртартан подлога ќе добие и село Таринци. Овие три детски и игралишта Општина Карбинци ја чинат триипол милиони денари, буџетски пари.
„Едно детско игралиште ќе биде реконструирано во село Козјак и едно повеќенаменско игралиште ќе добие модерна тартан подлога во селото Таринци. Со ова го заокружуваме овој блок активности. Овие три активности се со вредност од три ипол милиони денари средства кои се обезбедени од страна на Буџетот на Општина Карбинци“ – додава Паунов.
Паунов додаде дека се очекува пролетна офанзива со што ќе се работи инфраструктурно во Општина Карбинци, на проекти поврзани со реконструкција на улици и патишта, нови спортски и детски игралишта.
Лаура Стојанова М-Нет