
Започнаа активности за реализација на проектот за изградба на „Линија 2“ во штипски Пребег. Ова предвидува изведба на нова водоводна линија, потоа реконструкција на коловозната лента, како и уредување на тротоарите со павер елементи. Градоначалникот, Иван Јорданов посочи дека потоа ќе се пристап кон изградба на резервоарите со што ќе се реши проблемо со водоснабдувањето и салбиот протосок на вода летниот период. Улиците ќе бидат раскопани, па Јорданов повика на трпение со цел да се решат проблемите со водоснабдувањето во ова населено место.
„Самата „Линија 2“ и самата изведба на оваа водоводна линија ќе предизвика дел од коловозната лента и од тротоарите да бидат раскопани. Сакам да истакнам дека по завршувањето на изведбата на Линија 2 ќе се уредуваат тротоарските површини со павер елементи и секако дека ќе се санира. Дополнително она што ги засега жителите е проблемот со водоснабдувањето и слабиот притисок во летните месеци. Овој проблем ќе биде решен со долгоочекуваниот резервоар во населба Пребег.“ – вели Јорданов.
Речиси два милиони евра се потребни за изградба на резервоарот Пребег и Линија 2, а околу два милиони денари ќе се издвојат за уредување на тротоарските површини. Јорданов посочи дека станува збор за сериозни финансиски средства кои ќе се искористат со цел да се реши приблемот со водоснабдувањето во ова населено место.
„Тротоарските површини кои ќе се уредуваат сигурно се инвестиција вредна околу два милиони денари. Дополнително изведбата на Линија два и изградбата на резервоар Пребег – се инвестиција која делумно е од средствата од самопродонесот кои ги имаме на наменска сметка. Изградбата на резервоарот Пребег е околу половина милион евра, а линија два вклучувајќи ја целата траса изнесува 1,2 милиони евра“ – додава Јорданов.
Јорданов се надева дека до крајот на годината со интезивна работа на терен ќе дојде до завршување на проектот со што и жителите од штипски Пребег ќе го надминат проблемот со водоснабдувањето.
Лаура Стојанова М-Нет