
Натпреварот од 26. коло од Првата лига меѓу Тиквеш и Брера Струмица заврши со триумф за домашниот тим од 3:1. Но, овој меч имаше и трето полувреме, откако по натпреварот фудбалер на Брера Струмица физички нападнал фудбалер на Тиквеш, кој потоа бил приведен бидејќи физички нападнал фудбалер на Тиквеш.
Веднаш интервенирала и полицијата, за што полицијата потврди дека е привела српски фудбалер, член на Брера Струмица.
„На 07.04.2024 во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ѓ.И.(28) од Република Србија. По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци и ФК „Брера“ од Струмица, одигран на Градскиот стадион во Кавадарци, Ѓ.И. – играч на ФК „Брера“, физички го нападнал Д.К.(32) од Прилеп – играч на ГФК „Тиквеш“. По документирање на настанот против Ѓ.И. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од МВР.