
Во крајна фаза е изготувувањето на проектот за доградба на детската градинка „Бисерчиња“ во Општина Зрновци. Согласно проектот со ревизија предвидено е да се прошири капациетот за 40 дечиња, со што градинката ќе добие 200 метри квадратни корисен простор. Ќе се изградат две нови занимални за децата по 50 метри квадратни, конференциска сала за вработените, како и нова трпезарија. На ваков начин децата, но и вработените ќе имаат подобри услови за предшколско згрижување. Денеска на шестгодшнината од отворањето на градинката, Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, истакна дека приоритетите се децата да добија најдобри услови за згрижување.
„Во разговор и со градоначалникот овде во Општина Зрновци констатиравме дека навистина е потребно проширување на капацитетите поради зголемен број на дечиња кои се наоѓаат токму во оваа општина, но и простор за овие дечиња да можат квалитетно да се развиваат во однос на нивната настава токму во овие детски градинки.“ – вели Велковски.
Во детската градинка „Бисерчиња“ во Општина Зрновци моментално се згрижени 60 дечиња, односно се работи со полн капацитет. Овде се згрижуваат децата од Зрновци, Мородвис и село Видовиште.
Лаура Стојанова М-Нет