
Се празни градот, поголем дел од штипјани на одмор заминуваат во ек на сезоната. Пред Илинденските празници едвај да се најде слободно место во туристичките агенции за да се закаже одмор.
Ексклузивни понуди има за Бугарија, а граѓаните ја бараат и Грција. Од туристичките агенции посочуваат дека понуди има за сечии џеб, спгласно барањата на граѓаните, начиниот на сместување, превоз и слично. За соседна Бугарија на пример цените се движат од околу 250 до 270 евра од лице.
„Во моментот се наоѓаме во полн ек на сезоната, во самиот шпиц на сезоната и ќе трае и за време на претстојните празници. Капацитетите се веќе исполнети повеќе од 90%. Во моментот нудиме ексклузивни понуди за Бугарија. Полека но сигурно се празни, така се повеќе имаме наплив на граѓани кои сакаат да заминат на одмор овој период од годината.“ – вели Митрев.
Дел од граѓаните веќе биле на одмор, мал дел велат дека оваа година нема да заминат на летување, но најголемиот дел од штипјани одмор закажале од 1 август.
Оваа сезона поголем дел од барањата на граѓаните за одмор се надвор од границите на државата.
Лаура Стојанова М-Нет