
Деновиве се поставуваат издиганти пешачки премини на места кои се незбезбедни во сообраќајот во Штип . Целта е да се пронајде сообраќајно решение со цел да се намали сообраќајот на позициите. Едни од тие места се на булеварот пред СОУ „Коле Нехтенин“ и основото училиште во населбата Караорман.
„Во консултација со сообраќајните инжинери најавивме дека на одредени точки кои што се небезбедни во сообраќајот ќе биде изготвено сообраќајно решение со кое што ќе се успори сообраќајот на позициите. Една од тие точки е секако пред СОУ „Коле Нехтенин“ каде последователно се случуваа сообраќајни незгоди. Овде се поставија издигнати пешачки премини кои што ќе влијаат на успорување на движењето на возилата, исти такви издигнати пешачки премини се поставени и во населбата Караорман пред основното училиште.„ -вели Јорданов
Износот на финансиските средства за реализација на овие проекти изнесува неколку стотина илјади денари. Пешачките премини ќе придонесат за успорување на брзината на движење на возилата а со тоа и ќе се намалат сообраќајните незгоди.
„Ќе бидат изготвени и ќе бидат реализирани со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот онаму каде што има пешачки премини за да дојде до успорување на брзината на движење на возила а со тоа и да се намалат ризиците од евентуално сообраќајни незгоди. Неколку стотина илјади денари се одвоени за поставување на вакви издигнати пешачки премини на неколку локации во градот.„ -посочи Јорданов
Само пред шест години на пешачкиот премин кај СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип беше прегазен 15 годишен средношколец . Исто така лани две ученичи беа повредни на ова место како резултат на преголемата брзина на движење на возилата. Поставувањето на пешачките премини е од особено значење на овие места со што ќе придонесе за одговорно возење според правилата и прописите.
Лаура Стојанова, М-Нет