ФГ „Копачка“ од с. Драмче, со две специјални награди од фолклорниот фестивал во Долнени

Со две специјални награди- статуетки и две благодарници- плакети се здобија учесниците од фолклорната група „Копачка“ од село Драмче Делчевско на меѓународниот фолклорен фестивал „Пеце Атанасовски“ во село Долнени, Прилепско. На фестивалот учество зедоа околу 250 изведувачи на изворниот мелос, а пијанечкиот фолклор беше еден од доминантните кој ги поседуваше критериумите за добивање на специјална награда.

„Со ракоплескања под тактот на изведбата и бурни аплаузи беше пречекана мелозвучноста на пијанечкиот изворен фолклор на рудина во долнени, Прилепско, каде што учествувавме на педесеттото издание на фолклорниот изворен фестивал за изворни инструменти и песни Пеце Атанасовски, во кој што исполненија имаа Добрина Николовска со песната „Седела Јана“, Мирко Симоновски со песната „Oстанахме с тате беќаре и двата“ и самиот си се придружува со својата тамбура, како и езгија од тапани од Адријан Стаменовски, Ана Алексовска, Матеј Миленковски и Митко Златковски. За нас е од големо значење добивањето на награди, особено од еден ваков фестивал.Ги добивме специјална награда статуетка доби здружението фолклорна група „Копачка“ од село Драмче за целовкупниот свој настап. Специјална награда статуетка му е доделена на Мирко Симоновски. Благодарница за долгогодишно учество на фестивалот“, – вели Стојанова

Фолклорната група „Копачка“ од с. Драмче, бележи околу 75 години постоење од основањето. Запишано е во конвенцијата за нематеријално културно наследство УНЕСКО веќе 20 години, а веќе 9 години нивното оро „ Копачка“ постои во заштитата на оваа светска организација.

Лаура Стојанова, М-Нет