Се палат ли шумите за да се развие бизнисот со пелети, колку дивата сеча е застапена во државата?

Околу девет отсто од шумскиот фонд годинава изгоре во големите пожари кои беснееа низ државата. Дел од пожарите се резултат на климатските промени, но за дел од пожарите постои сомневање дека се намерно предизвикани заради нелегална сеча на шумите и бизнисот со пелети. Затоа се размислува во иднина дрвата од опожарените предели да не бидат предмет на купопордажба.

„Тоа е една од можностите за која веќе се разговара и се анализира. Можеби постои коициденција на појавата на пожари во Берово и Пехчево пред неколку години со потребата на ресурс што ќе има поевтина цена за производство на пелети. За во иднина размислуваме воопшто дрвната маса која потекнува од опожарени површини да не биде предмет на купопродажба туку да се донира на државни институции“ – вели Петровски.

Освен пожарите дополнителен проблем е и нелегалната сеча на дрва. Формалните податоци на институциите се од 25.000 до 30.000 кубни метри на годишно ниво. Меѓутоа, одредени истражувања коишто прават споредби на потребите за загревање и официјалната потрошувачка, укажуват дека и околу 500.000 метри кубни на годишно ниво имаме нелегално дрво на пазарот.

„Втор проблем преставуваат улегалните сечи и ние како држава сме лидер во регионот. Страдат шимите, и според ФАО тоа се движо околу 500 метри кубни на годишно ниво. Тоа се некаде околу 500 километри вие да ги наредите со дрва во висина со еден метар.“ – вели Соколовски.

Шумата не е само метри кубни, туку показател од кој ни зависни водата, воздухот и слично вели Соколовски, додавајќи дека треба да се води грижа за ова добро.

Лаура Стојанова М-Нет