Почнува 12. издание на фестивалот „Малиот принц“ во Штип, за првпат од Мешународен карактер

По 12 пат во Штип се отвора театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот принц“ со поднаслов Светлината на сенките. Преставите започнуваат вечерва, а настани се закажни и во текот на наредните денови. Освен престави, најмалите ќе се едуциират преку работилница на која ќе се изработуваат театарски маски. Фестивалот е од Меѓународен каратктер односно има гости од Бугарија.

„Од денес ќе започне ова фестивалско издание, денеска во 19 часот со престава работена во штипскиот театар. Веќе следниот ден 17.09.2024 година во 12 часот и во 13:30 часот за нашите најмали првачињата од основните училишта решивме да и направиме изненадување и да и покажеме дека театарот е всушност нивни пријател и ќе организираме театар на сенки „Касни порасни“ според истоимената книга на Петре М. Андреевски“ – вели Атанасова Арсова.

За најмалите се предвидени и низа изненадувања со цел театарот да се доближи до децата, да можат ем да научат нешто плус, ем да се забавуваат и да уживаат.

„Паралелно на тоа одлучивме на сите деца кои ќе дојдат на преставите да им подариме едно мало театарче со слики за дома.“ – вели Ристов.

Фестивалот „Малиот принц“ е поддржан од страна на Министерството за култура, како и од општествено одговорни компании.

Лаура Стојанова М-Нет