
Со низа активности, меѓу кои и натпревари ДПД Кочани го прослави својот трет роденеден. Настаните започнаа во центарот на градот, а главните награди беа доделени на прославата организирана во кругот на ТППЕ Кочани. Имаше учесници од државата, но и од Република Србија, Бугарија и Словенија. Градоначалникот на Општина Кочани го поздрави овој настан како и работата на друштвото со што се подобрува заштитата во Кочани и околината.
„Со овој настан ДПД ја афирира својата работа, своите напори и својот труд кој го даваат во заштитата на животната средина и на сите други активности кои се дел од нивното функционирање.“ – вели Папазов.
Пожарникарите се натпреваруваа на четири противпожарни полигони, од кои три лоцирани во централното градско подрачје на претходно зададени сценарија и едно во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани. Првото место и најдобар резултат освоија ДПД – Петровардин, Нови Сад, Р. Србија, второпласирана беше екипата на ДПД Рогошка Слатина, Р. Словенија (09:12), и треттото место и припадна на противпожарната екипа од Рафинерија ОКТА, Р. Македонија. Во женска конкуренција првото место и припадна на женската екипа на ДПД – Сингелиќ од Ниш.
„Тука сме да се забавуваме, да размениме искуства, да се дружиме.“ -вели Илијев.
Победниците задоволни од натпреварите и огранизација посочија дека на ваков начин се продлабичува соработка но и се нуди можност да се научи нешто ново.
“Мене ми е драго што започнавме минатата година со ваквото дружење и се надевам дека ќе продолжиме долго низ годините“,
Во рамки на натпреварот беа организирани и детски противпожарни игри за петтоодделенците од основните училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. Настанот беше збогатен со културно – уметничка програма со настап на децата од Детската градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет