
Се очекува зголемување на водостојот на реките во источниот дел од земјава, а можно е и појава на локални заезерувања во ниските предели. Причина се обилните врнежи што се најавуваат за утрешниот ден, особено во сливовите на Струмица и Брегалница, каде може нагло да се зголеми водостојот и на помалите реки и суводолици. Според проценките на хидролозите, се очекуваат да наварнат 20 литри на м 2.
,,Зголемување на водостојот во источните делови се очекува, при што поголеми врнежи се очекува во тие делови, особено во текот на утрешниот ден. Се очекува зголемување во сливот на река Струмица, Брегалница, во горениот дел од сливот на река Брегалница и можно е поголемо зголемување на помалите реки и суводолици. Ова е резултат на циклонот кој што ја зафаќа целата Македонија овие неколку дена. Над 20 литри на м2 се очекуваат “, вели Угрински
Како резултат на претходниот влажен период, хидрологот Угрински, вели дека новите количини можат да доведат и до појава на локални заезерувања во ниските предели, мегу кои влегува и Општиа Чешиново.
,,Таму подземните води се веќе на доста високо ниво, ако резултат на претходниот влажен период, така што овие нови количини можат повторно да доведат до појава на локални заезерувања на водата во ниските предели во таа околина во Чешиново Облешево, а исто така постои и можност и помалите рекички нагло да го зголемат водостојот. Секако доколку таму бидат сконцетрирани интензивните врнежи. Предуслови постојат затоа што доста силен виклон е на нашата територија во овие неколку дена.“, кажа Угрински
Синоптичарите од УХМР велат пак утре времето се очекува да биде облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Иван Митев, М-Нет