
Повисоки пензии за 1000 денари од денеска добија пензионерите на своите сметки. Покачувањето беше најавено уште лани, кога тие добија исто 1000 денари покачување на своите пенции. Во октомври 2024 тие добија исто зголемување за 2,500 денари, како и во април 2025 кога добија исто 2,500 денари. На терен пензионерите се со поделени мислења, едни велат дека се задоволни и дека е добро, други дека не, бидејќи цените во маркетите и аптеките го прават своето.
Анкетираните пензионери велат дека ситуацијата со цените е насекаде во светот и секој се снаоѓа како знае и умее. Дел успеваат да заштедат, друг дел не. Велат тешкото допрва доага, бидејќи се уште воениот кофлик во блискиот исток не е прекинат.
Согласно ситуацијата, со сите покачувања од 2024 до 2026 година, пензионерите имаат вкупно 70000 денари дополнително на своите сметки. Според премирот Мицкоски, владата ќе го прави и понатаму највозможното за граѓаните.
Иван Митев, М-Нет