
Денеска на Факултетот за образоовни науки при УГД се спорведе обука за софтвер алатка која ќе им помогне на наставниците во планирањето на нивните училишни активности. Преку оваа обука наставниците добија практично искуство и знаење како да ги употребуваат новите современи дигитални алатки во своето секојдневно планирање и изведба на настава.Фокусот не е само во употребата на технологијата , туку и на тоа како таа да се користи на педагошки исправен начин.
„Почнавме со една обука уште пред година дена, последната беше предавање на професорот Сашо Коцевски за вештачката интелегенција и нејзината потреба во образованието. Еве денеска имаме обука за софтвер за алатка која пимага на наставниците во планирањето во нивните активности. Факултетот за образоовни науки ги иницира овие активности за најновите трендови во образованието кој што ја вклучуваат и вештачката интелегенција и употребата на најсовремените технологии. Тоа е тренд кој што факултетот и современото образование, сакало неќело, мора да го следи.“- Д-р Метји Агер, независен истражувач, ко-автор на Noticing
Како што истакна Агерна, на денешната обука, наставниците имаа мошност да работат на сопствени планови за час и да ги унапредат со помош на алатките базирани на вештачката интелегенција
„Апликацијата е направена во коавторство со Метио Агер, тој а дижајнираше апликацијата, а педагошката подлога ја обезбедивме заедно, бидејќи сметаме дека употребата на алатките што користат вештачка интелегенција вонконтекст може да биде проблематична за наставници бидејќи не можеме да предпоставиме дека авторите на модлеите што користат вештачка интелегенција ја зеле педагогијата предвид кога ги развивале тие алатки. Денес на оример Наставниците си донеасоа свој планови за час кој што ке ги рафинираат со помош на вештачка интелегенција.“- Елена Ончевска Агер- професор на УКИМ, ко-автор на Noticing
Децидни се тие дека вметнувањето на вештачката интелегенција во наставата отвара нови можности за поефикасно, поквалитетно и современо планирање на наставните активности и дека вештачката интелегенција служи за олеснување на истото.
Иван Митев, М-Нет