Се најавува ли отворање на штипските градинки?

До крајот на август, ќе се знае колку деца ќе се вратат во штипските градинки.

Како што МНет неофицијално дознава, предвидени се разговори со родителите, кои треба да потврдат дали нивните деца ќе посетуваат градинка. При тоа на родителите ќе им се укажува дека ќе бидат примени дечиња кои нема кој да ги чува, за што ќе треба да достават потврда за работен однос, како и дека работата не можат да ја обавуваат во домашни услови.

Таквата потврда, заедно со потврда од матичен лекар дека детето е во добра здравствена состојба, треба да бидат доставени во подегошката служба.

Она што е значајно е дека родителите не треба да имаат ниту една неплатена сметка за престој на децата во градинката.

Во телефонски разговор со неколку родители во врска со оваа информација, МНет ХД дознава дека истите се со поделено мислење. Дел од нив ќе бидат задоволни ако децата почнат да одат во градинка, бидејќи мака мачат кој да ги чува додека се на работа, а останатите се плашат од ситуацијата со КОВИД 19. растревожени од се` поголемиот број на ковид кластери.

Доколку е конечна одлуката за враќање на децата во градинките, она што најмногу ги интересира родителите е тоа на кој начин ќе им бидат заштитени децата???