Таблети за online настава за основци во Штип

Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ во Штип ќе добијат таблети за online следење на настава во учебната 2020/2021 година.

Станува збор за 43 таблети кои учениците ќе ги користат до крајот на август, за потоа да бидат вратени во училиштето за потребите на други ученици, велат од општината.

Овие таблети ќе помогнат децата од основното училиште да ги имаат основните услови за следење на наставата од дома, во услови на пандемија, а со тоа и заштита на здравјето на децата.

Таблетите се донација од НВО „Сонце“ од Тетово, во соработка со Ромски образовен фонд, чиј директор Реџепали Чупи истакна дека соработката со општина Штип е многу значајна и е од корист за децата во основното образование.

Освен овие 43 таблети во ООУ „Гоце Делчев”, дополнително ќе бидат доделени околу 20 таблети во штипското СОУ „Коле Нехтенин“.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк