Се исплаќа К15 и годишни награди во ЈП Исар, ЈП Исар бележи загуба од 1.8 милиони денари

Промена на примарна и секундарна водоводна мрежа на четири улици во Штип, активности со помош на кои се намалува кражбата на вода, континуирани анализи на водата за пиење и добри резултати. ЈП „Исар“ Штип го презентираше сработеното во првите четири месеци од 2024 година. Директорот Кирил Зајков посочи дека најмногу средства оваа година се потрошени за исплата на К15 и и годишни награди на вработените, споредбено со истиот период лани.

„ЈП Исар бележи загуба од 1,8 милиони денари првенствено доколку се направи споредба за истиот период 2023 година, најголемиот паричен износ кој има разлика се обврските кон вработените, односно ЈП Исар ги исплаќа задоцнетите побарувања на работницните по основ на К15 и годишни награди.“ – вели Зајков.

На седницата на Советот загубата која беше прикажана од страна на Зајков предизвика реакицја кај советниците од СДСМ. Упатија низа прашања за потрошените пари на претпријатието.

„Зборуваме за зголемување и на приходен и на расходен дел, приходниот дел од зеленило не ги покривало платите и исплатата на регрес на годишен одмор. Приходниот дел сразмерно растел, за да прикажуваме некоја загуба“ – вели Рогожарска-Поповска.

Зголемените трошоци на долг рок че ги намалат трошоците за судски решенија вели Зајков. Додава дека се работи согласно планот на претпријатието, со цел долгорочно решавање на проблемите и потребите кои ги имаат граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет