Поп Антоски по промоцијата во Детонит Плачковица: Ќе се бориме за Прва лига во Радовиш!

Детонит Плачковица го претстави второто летно засилување за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, а во Радовиш доаѓа од редовите на прилепска Победа.

20-годишниот фудбалер ги покрива позициите по левата страна, бек и крило. Изминатата сезона Поп Антоски беше еден од клучните играчи во Победа, која се избори за опстанок во Втората лига.

По промоцијата во Радовиш, Поп Антоски ја имаше првата изјава за телевизија М Нет, кој најпрво зборуваше за минатата сезона и изборениот опстанок со Победа во Втората лига.

„Целта која беше поставена на почетокот од втората полусезона во ФК Победа ја остваривме, а тоа беше опстанок во лигата. Сакам да се заблагодарам на сите во Прилеп кои беа трпеливи и веруваа во нас до самиот крај заедно со бараж-натпреварот против екипата на Куманово. Моите впечатоци за ФК Детонит се многу добри, доаѓам во организиран клуб каде што условите за работа се одлични и клуб кој има амбиции за влез во Првата Македонска Фудбалска лига“, изјава Поп Антоски за М Нет.

Новото засилување за Детонит Плачковица за М Нет вели дека ќе даде се од себе во Радовиш да се гледа прволигашки фудбал.

„Моите очекувања се на високо ниво, се надевам дека во новата сезона сите заедно во клубот ќе дадеме максимум за да се избориме за првата или втората позиција на табелата која дирекно води во Првата лига. Јас ќе го дадам најдоброто од себе за да се оствари поставената цел, па и догодина во Радовиш да се гледа прволигашки фудбал“, ни изјави Поп Антоски.

Првото засилување за Детонит Плачковица беше Кирил Неделков, а во следниот период штипскиот стратег Иван Варадиновски ќе ангажира уште неколку засилувања.

Александар Ванев, М-Нет