
Утринава нешто пред 6 часот, се запали позната пиљара во населба Сењак во Штип. Пожарот предизвика огромна материјална штета, но за среќа нема повредени лица. На местото на настанот интервенирала екипа на ТППЕ Штип, првично со едно возило и пет пожарникари, а потоа е побарана помош со уште едно возило и четири пожарникари. Пожарот е целосно локализиран околу 7:30 часот, истакна командирот на ТППЕ Штип Тони Атанасов. Допрва ќе се утврдува причината за настанување на пожарот.