
Индиции за матни и криминални зделки се појавуваат и во мандатот на овој градоначалник на Општина Штип. За договорот склучен за зонско паркирање и наплата на паркинг преку смс пораки ЈП „Стипион“ кое е под директна надлежност на Грдаоначалникот потрошило околу 3 ипол милиони денари, за разлика од договорот од 2019 година со иста намена а многу посериозни услуги изнесувал милион и 400 илјади денари, истакнуваат од ВМРО ДПМНЕ. Од овде го повикуваат и градоначалникот на Општина Штип, да одговори на нивните прашања.
„Го повикуваме градоначалникот да одговори. Дали е вистина дека овој договор е склучен поради притисокот од влијателен познат, македонски бизнисмен близок до градоначалникот?
Дали е вистина дека цената на овој договор е толку висока поради процентот кој е ветен на градоначалникот за склучување на истиот договор?
Дали градоначалникот има оправданост за потрошениот неразумен износ на народни пари?“- прашаа од ВМРО ДПМНЕ.
Освен должноста на градоначалникот на одговори на овие прашања од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип бараат истражување на истите од страна на Јавното обвинителство, а воедно и одговорност од надлежните да утврдат како во пандемија за услуга иста од 2019 година општината троши 250% повисока сума народни пари.
Градоначалникот на Општина Штип со благодарност до Вмро Дпмне затоа што ја промовираат паркиг услугата во Штип, и со саркастичен одговор за притисокот од влијателна личност врз склучениот договор.
„Тоа што не го знаат децата од ВМРО ДПМНЕ е дека оваа рамка од 3 ипол милиони денари која што ја предвидуваме не значи дека ние мораме да ги исплатиме на компанијата која што го добила тендерот туку онолку колку што ќе наплатат 20% задржуваат за себе остатокот го даваат на општината“ – истакна градоначаникот на Општина Штип, Сашко Николов.
Николов истакна дека не постои никаков притисок врз него ниту дека тој работи под притисок или дека неговите пријатели и непријатели би можеле на некаков начин да делуваат врз неговото работење.
Лаура Стојанова М-Нет