
На 11 мај годинава во вторник во Општина Штип ќе се прска против комарци, во писмено соопштение известија од општината, со цел уништување на комарците. Прскањето е предвидено да се спорведе во утринските часови доколку временските услови го дозволат тоа.
„На ден 11.05.2021година (вторник- наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот наутро, со апаратура за ладно запрашување. Со дезинфекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.“ – истакнаа од кабинетот на градоначаникот.
Во случај на неповолни временски услови (ветер, дожд) дезинсекцијата се одолжува за следниот поволен ден. Од општината исто така ги известуваат и пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Воедно има достапен контакт број на кој може да се добијат сите дополнителни информации.
На 26 април пак оваа година Општина Штип ја спорведе првата ларвидна дезинсекција за уништување на ларвите од комарците на територијата на Општина Штип од земја.
Лаура Стојанова М-Нет