Се запали и целосно изгоре автомобил во близина на Три Чешми

Попладнево се запали и целосно изгоре автомобил во близина на Три Чешми. ТППЕ Штип и СВР Штип се на терен и повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден. Причинети се материјални штети.