Се живее најтешката зима, штипјани песимисти дека работите ќе се движат кон подобро

Граѓаните во Штип од вчера ја живеат најтешката зима до сега. Истата беше најавувана уште летото, а анкетираните граѓани велат дека оддамна се чувствуваат високите цени на производите, енормно големите сметки за електична енергија, дрвата кои се се помалку достапни за луѓето. Дополнително додаваат примањата ниски, од најавените намлувања на цените на производите нема ниту трага ниту глас.

“За празниците се очекува од тешко, потешко. Нема доволно инвестиции, нема пари, половина од народот нема ни на трпезата да принесат нешто за јадење. Некој ќе јаде во изобилство, а некој ќе гледа во празна маса. “

Штипјани се песимисти кога станува збор за излез од кризата. Не веруваат дека дека цените на производите ќе се намалат, дополнително велат ситуацијата може да се свижи само кон полошо.

„Јас мислам дека надеж да се смене само на побетер, подобро здравје. Никогаш подобро нема да биде, се полошо и полошо.“

Од Стопанската комора пред неколку дена истакнаа дека и наредната 2023 година ќе биде тешка. Цените на струјата, нафтените деривати и прехрамбените производи ќе останат високи, со што граѓаните, но и компаниите тешко ќе пронајдат излез од кризата.