Нов скандал во кочанската болница, пациент сместен во лоши улови, грижата на најниско ниво

Нов скандал во кочанската болница ја потресе јавновноста. „Оставете број, ако умре ќе ви се јавеме“ – вака бил примен сопругот на Фредерика во кочанската болница, откако во понеделникот му се слошило и побарале лекарска помош.

„Голготата почнува во понеделникот сабајле во 4 часот, му се слошува викнаме Брза помош и го носат во болницата. Никогаш не испраќаат луѓе способни да помогнат, го носевме со полицајци. Го примија во болницата и ни рекоа „Оставете број, ако умре ќе ви се јавеме“ – раскажуав Фредерика.

Откако неколкупати биле вартени назад и не им дозволиле да го посетат сопругот и татко Кочо, на крај имале среќа да влезат на посета во соба број 10. Глетката била страшна бидејќи никој не водел грижа за пациентите во болницата.

„Беше мокар, од овде надоле. Успеавме со ќерката да го пресоблечеме. Целиот беше мокар. Докторките од Интерно они не дозволуват посети и ни кажаа да си заминеме.“ – продолжува Фредерика.

Собата ладна, сликата од снимањето не прочитана. Фредерика вели дека ситуацијата во кочанската болница е повеќе од очајна. Тие правда ќе бараат по сите институции, за голготата која ја живеат изминатите неколку дена.

„Собата беше ладна, велат дека е топла, но собата беше ладна ние кога отидевме првиот пат. Сега никој не сака да разговара со нас. Сакав јас тој повторно да се снима, отидевме од сабајле, рекоа ми дојдете после пладне. Отидевме после пладне дадеа ни ја сликата без да се прочита. Таа слика треба да се прочита. “ – додава Фредерика.

И за денешниот скандал во кочанската болница директорот Александар Серафимов не даде одговор бидејќи не одговараше на телефонските повици.