
„ Пуштени во употреба новите патарини на автопатот Штип – Миладиновци. Тоа значи дека граѓаните кои патуваат од истокот до главниот град по автопат, треба да издвојат 320 денари во два правци за Скопје, или 100 денари за Свети Николе .“
Во пракса ова значи дека жителите од источниот и југоисточниот регион кои работат или имаат потреба често да патуваат до главниот град годишно треба да издвојат три просечни плати само за патарини. Ова преставува дополнителен удар врз џебот на граѓаните, па велат дека од сега ќе ги користат старите регионални патишта до Скопје. Реагираат и на цената на патарите. Ако од километар се плаќа по 2,57 денари велат патарината кај Кадрифаково би требало да чини помалку од 30 денари.
Дел од свлечиштата на автопатот Штип – Миладиновци се расчистуваат, но се појави и нов одрон. Граѓаните велат дека треба да се работи и на оваа проблематика, а потоа патарините да се пуштат во употреба. Странските граѓани пак кажаа дека во нивните земји патарините се поевтини.
„Кога пресметаш километри поевтини се. Од Прешево до Белград е околу 1400 динари, тоа е 700 денари.“
Градежните активности за изградба на паратините на автопатот Штип – Миладиновци започнаа во мај минатата година, а за нивна реализација се издвоени речиси пет милиони денари. Кај Кадрифаково патарината ќе се наплаќа 50 денари, а кај Преод 70 денари.
Лаура Стојанова М-Нет