
Негирањето на јазичната култура и историската посебност не може да е европска вредност. Со ова Ковачевски докажа дека ниту е премиер на оваа држава, ниту СДСМ е државотворна партија, истакнаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ Штип. Од таму прст вперија кон Емилија Рамбабова како предвник од Штип.
„СДС целосно, јасно и јавно го отфрлија и онака лажниот мит за државотворност и капациетет за заштита на националниот и државен интере. Ничија вина не е поголема од нивната, од оние кон кои ќе посочуваме со прст, оние кои гласаа за бришењето на се што е македонско. Емилија Рамбабова прстот е вперен кон вас, дали сте предавник од Штип, дали сте предваник на македонскиот народ, дали сте предваник на македонскара посебност.“
Од комитетот на ВМРО ДПМНЕ Штип ја повикаа Рамбабова да се соочи со граѓаните, истовремено упатија низа прашања.

Од ВМРО истакна дека Рамбабова е должна да ги одговори прашањата и да им објасни на граѓаните. На ова од ОО на СДСМ Штип кажаа дека ВМРО ДПМНЕ треба да им се извини на членовите, а не да бидат пречка за напредокот на државата.
„Наместо ВМРО ДПМНЕ да им се извини на нивните челнови што ги изманипулираа за собирање политички поени на улица, искалкулираа и се додворуваа на Европа со негласањето против заклучоците. Ако ДПМНЕ се смета за партија која се бори за подобра и европска иднина на државата, треба да им честита на пратениците кои гласаа ЗА започнувањето на преговори со ЕУ. Додека пак, нивните пратеници ја напуштија собраниската сала и не гласаа кога собранието донесе државничка одлука и ги усвои заклучоците што обезбедуваат почеток на преговорите со ЕУ со заштитен македонски идентитет и посебност. Народот не е глуп ниту слеп.“ – велат од СДСМ.
Од таму велат дека деструктивните сили на ВМРО ДПМНЕ, кое е заглавено во минатото и знае само за блокада и кочници, нема да бидат пречка за напредокот на државата.
Лаура Стојанова М-Нет