Градската депонија во Штип во пламен, Здравков најави казни за сторителите

Црн чад, непријатна миризба страшна слика, денеска повторно гореше депонијата Трештена скала во Штип. И покрај тоа што по претходниот вонреден инспекциски надзор, депонијата надвор од портата беше исчистена и се контролираше на секој еден час, сепак денеска повторно непознат сторител подметнал пожар. Истурено уље доведе до горење на отпадот и црн чад. Дополнително, искршен е и видео надзорот кој беше поставен на депонијата, па за сега сторителот е непознат. На лице место во гаснењето на пожарот беше екипа од ТППЕ Штип, со две возила и пет пожарникари, а истовремено таму беше и директорот на ЈП Исар Трајче Здравков.

„Пред еден час беше лоцирано повторно потпалување на градската депонија. Беше лоцирано од стручни служби и противпжарната служба дека има истурено уље и друг вид суровиснки материјал кој што е запалив. Контролите кои што се прават од наша страна на секој час според насоките од инспекциски надзори се уредни, депонијата е исчистена и изминатите денови немаше никакви проблеми со градската депонија. Во овој случај сторителот ќе биде пријавен до надлежните служби, бидејќи ова намерно потпалување на градската депонија веќе се случува повеќе пати со што се додведува во опасност и функционирањето на претпријатието и здравјето на граѓаните. Ќе бидат поднесени соодветни пријави против за строителите засега непознати кои го имаат направено потпалувањето“ – кажа Здравков.

Инаку, пред одреден временски период на градската депонија во Штип се направи вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за заштита на животната средина и беше наложено во рок од 15 дена горењто да биде стопирано.

Лаура Стојанова М-Нет