
24 часовна стражарска служба е постевна на градеската депонија Трештена скала во Штип, со цел да се спречи неовластено влегување и палење на самата депонија. Директорот на ЈП Исар, Александар Арсовски, истакна дека со воведување на оваа стражарска служба ќе се спречи палењето на депонијата, а со тоа ќе се намалат и последиците кои ги трпат граѓаните.
„Имено во претходниот период ЈП Исар презеде активности во рамки на своите можности и и воведе 24 часовна стражарска служба на влезот на градската депонија. Но, и покрај тоа нашите вработени секојдневно се соочуваат со закани по својот живот од луѓе кои неовластено влегуваат во депонијата, Најчесто тие ја палат со што последици трпат сите граѓани“ – вели Арсовски.
Дополнително од денеска во фнкција се стави и новото специјализирано возило кое го набави ЈП Исар со цел чистење и одржување на самата депонија. Статистиките покажуваат дека најамалку 20 новонастанати пожари се појавуваат секоја година на депонијата, а проблем е што претходните не се гаселе целесно.
„Имено, ЈП Исар набави ново специјализирано возило булдужер гасеничар кое ќе биде на располагање за уредување и тековно одржување на градската депонија. Во годината ние имаме по 20 пријави за новонастанати пожари“ – додава Арсовски.
Проблемот со палењето на градската депонија во Штип е децениски и преставува проблем за граѓаните, особено постојаното чадење и загадениот воздух кој го дишат. Со новите воведени мерки и активности ова треба да остане проблем во минатото.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет