Национално признание за врвни достигнувања за македонските спортски легенди

Во свечена церемонија организирана од Министерството за спорт и Владата на Република Македонија, беа доделени Национални признанија на истакнати македонски спортисти кои со своите успеси оставиле длабока трага во историјата на македонскиот спорт. Настанот се одржа во чест на оние кои со години ја претставувале државата на највисоко ниво и ја втемелиле својата улога како спортски амбасадори на Македонија.

Признанијата ги врачија министерот за спорт, Борко Ристовски, и премиерот Христијан Мицкоски, оддавајќи почит кон генерации спортисти кои со својата посветеност и успеси станаа синоним за спортски дух, пожртвуваност и национална гордост.

Меѓу добитниците се имиња од различни спортови, кои со своите клупски и репрезентативни настапи го обележаа златното време на македонскиот спорт. Тие се симболи на успеси што ги обединија навивачите и инспирираа млади генерации да сонуваат и работат за спортски врвови.

Меѓу наградените се фудбалските легенди Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски, потоа поранешните кошаркари Петар Наумоски и Перо Антиќ, во ракометот се Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска Муратовска, Клара Боева.

Со оваа церемонија, државата симболично им се заблагодари за нивниот придонес и потврди дека вистинските спортски вредности се признаваат, паметат и почитуваат.

Александар Ванев, М-Нет