Се асфалтираа улицата „Ванчо Китанов“ во нас. Сењак и уличка во нас. Балканска

Улица во населба Балканска и ул. „Ванчо Китанов“ во населба Сењак денес добиваат асфалт. Откако во изминатиов период ЈП „Стипион“ со општествено – одговорна компанија работеше на потпорниот ѕид на ул. „Ванчо Китанов“, денес истата беше асфалтирана.

„Еден од наследените проблеми коишто ги затекнавме како нова локална власт беше свлечената улица „Ванчо Китанов“, којашто подолг временски период беше надвор од функција заради свлечиштето коешто беше настанато. Во изминатиов период успеавме да го направиме овој потпорен ѕид, да се истретира благодарение на ЈП „Стипион“ да се истретираат атмосферските води и денес започнуваме со реконструкција на оваа улица, со асфалтирање“, истакна Јорданов.

Денес асфалт доби и уличка во населбата Балканска, за чија подготовка механизцијата работеше во саботата. Како што вели Јорданов, асфалтирањето на улици продолжува сѐ додека дозволуваат временските услови.

„Исто така денес се асфалтираше и улицата во населба Балканска, којашто досега никогаш не беше асфалтирана и во минатото била во кал и прашина, така што во наредниот период ќе продолжиме со асфалтирање и на други улици во останатите населби од нашиот град со реализација на капиталните проекти коишто ги имаме зацртано сѐ додека ни дозволуваат временските услови“, додаде Јорданов.

Асфалтирањето на ул. „Ванчо Китанов“ е инвестиција во вредност од 1,4 милиони денари, пари од општинскиот буџет, а на улицата ќе се постави 1600 м2 асфалтна маса. Во населба Балканска, пак, за активностите на улицата со должина од 100 метри одвоени се 600.000 денари од општинската сметка.

Ребека Спасова М-Нет