
Ако вчера се постави првиот асфалтен слој на улицата „Панче Караѓозов“ денеска тоа се повтори и во населба Караорман каде што се асфалтираа неколку улици. Со ова се подобрува инфраструкутурата во градот под Исарот, а се очекува со почетокот на градежната сезона Штип да биде општина без кал.
„Денес сме во населбата Караорман, како што може да забележите започнуваме со асфалтирање на три улици во вкупна должина од 550 метри и во износ нешто над два милиони денари, средства финансирани од Буџетот на Општина Штип. На овој начин ја подобруваме постоечката инфраструктура, но нема да застанеме овде. Сите останати улици кои се во кал и прашина најавуваме дека со почетокот на градежната сезона напролет, ќе започнеме со проект Штип без кал“ – кажа Јорданов.
Граѓаните велат дека повеќе години газат по неасфалтирана улица и ова е добро, но истовремено посочија на проблем со губрето односно не редовното чистење на контејнерите.
„15 дена не е исфрлено ѓубрето, улични нема не знам што е работата. Иначе улицата е добра„
Новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека трансформацијата на Власта е така наречен виновник за полните контејнери во Карорман, но дека е интервенирано и истите ќе бидат исчистени.
„Трансформацијата на Власта беше еден период каде што практично сите дејности кои што ги обавуваа комуналните претпријатија застанаа, проблемите се натрупаа. Јас како нов градоначалник заедно со раководството на јавните претпријатија се обидуваме да ставиме функционален град“ – додаде Јорданов.
Истовремено, започнато е поставување на асфалтен слој и на улица Личка во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет