
Фудбалските второлигаши од групата Исток во недела ќе ги одиграат натпреварите од редовното 10 коло. Поради репрезентативни обврски на некои играчи на младата селекција на Македонија натпреварот Кит Го – Победа ќе се одигра во сабота 6 ноември со почеток во 13.00 часот. Од натпреварот Каменица Саса – Осогово кој ќе се одигра во недела нашата Мнет ТВ и каналот Мнет Спорт ќе вршат директен пренос кој ќе започне во 13.00 часот. Еве ги комплетните натпревари од ова 10 коло:
- Кит Го – Победа , ќе играат во сабота
- Братство – Слога
- Кожув – Локомотива
- Каменица Саса – Осогово
- Беласица – Детонит
Овие натпревари ќе се одиграат во недела 7 ноември 2021 г, со почрток во 13.00 часот.
Драги Герасимов Mnet.mk