Сеќавање на хериоте од 2001 година – Влатко Петров и Димитар Двојаковски, утре во Штип

Наместо последни подготовки за свадба на 3 мај 2001, бранителот Влатко Петров од Штип, бил донесен во ковчег. Болката и по 25 години е исто голема, а неговото семејство останува гордо што имале храбар човек, но остануваат незадоволни од третирањето на државата кон бранителите, кои својот живот го дале за својата држава.

Семејството на Петров е Благодарно, што сега барем во Чардаклија спортското игралиште го носи името на нивниот син. Својата тага со која живее ова семјество, повеќе од две децении, ја стишуваат со фактот дека на 24 години, Петров го дава својот живот за слободна држава.

Утре точно на 25 тата годишнина, граѓаниите ќе оддадат почит, пред споменикот на бранителите во месноста К’р Теке во градот. Како што посочуваат од општината, одбележувањето утре е предвидено во 11 часот. Со положување свежо цвеќе и едно минутен молк, преставници од Локалната самоупрва, делегации, пријатели и роднини ќе им оддадат почит на младите херои кои загинале за слободна држава.

Освен младиот Влатко Петорв тој кобен трети маај 2001 година животот на бојното поле го оставиле и Кирчо Димитриов, Димитар Двојаковски, Дејан Јакимовски, Влатко Петров и Теодор Стојановски. На нив спомен обележјето Општина Штип го подигна во 2001 година.

Иван Митев, М-Нет