Казни до 5.000 евра за суровост и несовесно чување на животни, предвидува новиот предлог-закон на АХВ

Казни до 5.000 евра за суровост и несовесно чување на животни – подготвува АХВ.

За непочитување на правилата за чување и движење на кучиња ќе се плаќа околу 400 евра, додека за потешките прекршоци – како суровост, нанесување болка или убивање – санкциите достигнуваат и до 5.000 евра.

Една од најстрогите новини е трајна забрана за чување миленици за сопствениците кои ги напуштиле своите животни. Воедно, се забранува постојано врзување или затворање на кучиња без да им се обезбеди секојдневно движење, а се укинуваат и практиките на ритуално усмртување.

Во насока на контрола на популацијата, се воведува задолжителна стерилизација на домашните кучиња, задолжителна евиденција на секое легло кај ветеринар и ограничување – најмногу едно легло годишно по животно.

Паралелно, се предвидува отворање центри за згрижување на бездомни животни, можност за привремено вдомување, како и регистар за пансиони, одгледувачници и продавници, со засилен надзор од институциите.

И додека од Агенцијата тврдат дека предлог-законот веќе е доставен до Министерствата надлежните за оваа ситуација, од таму засега нема официјална потврда. Во меѓувреме, најавени се јавни презентации низ земјава, на кои граѓаните ќе можат да се вклучат во процесот.

Иван Митев, М-Нет