КБ Штип единствена болница за породувања во истокот, Велкова и тимот со голема посветеност

КБ Штип останува единствена болница во источниот регион каде што се извршуваат породувања. Иако во Кочани постои можност за породување, пациентките најчесто се препраќаат токму во Штип. Раководителот на одделението за гинекологија и акушерство при КБ Штип д-р Станка Велкова вели дека одговорноста е огромна, бидејќи секое породување носи своја тежина и непредвидливост. Породувањето е процес што не дозволува одложување и бара постојана подготвеност и високо ниво на стручност. Затоа, тимот на акушерското одделение работи координирано, со фокус на безбедноста на мајката и новороденчето.

,,Ова претставува наша голема цел, но и одговорност, затоа што секое раѓање е уникатно за себе. Бара голема внимателност од нас, посветеност, стручност. Работиме по последните најсовремени протоколи и тимската работа е многу битна во нашата работа. Сепак работиме со два животи во ист момент и мајката и идното новороденче. Oд Кочани ги праќаат овде. Во моментот има две нови колешки, меѓутоа мислам дека се уште нема порадувања во Кочани“, кажа Велков

Во моментот на одделнието во болницата има доволен број персонал, тврди д-р Велкова, потенцирајки дека има вкупно седум гинеколози акушери.

,,Ние како персонал сме добро екипирани, во моментот сме седум гиниколози акушери, така да во моментот имаме доволно персонал.“, рече Велков

Особено радува фактот дека од почетокот на годината до денеска има вкупно 164 породувања, што во споредба со минатата година има 32 раѓања повеќе, додава Велкова.

,,Од почетокот на годината до денес имаме 164 породувања, што во споредба со минатата година имаме за 32 раѓања повеќе, односно во проценти околу 25 проценти повеќе. Oчекуваме до крајот на годината овој тренд на продолжи, да се зголеми бројот на породувања во нашата болница, но за нас сепак бројот на породувања не е битен како број, туку услугата која што ке ја добијат нашите идни родилки. Сепак безбедното мајчинство е најбинто.“, додава Велков

Инаку, до неодамна во Штип имаше и приватна болница, која вршеше породувања, меѓутоа според министерството за здравство, установата донела одлука за престанување со вршење на услугите во делот на акушерството, кои се однесуваат на чинот на породување и постнаталното згрижување. Промената во дозволата за работа се однесува исклучиво на овој сегмент.

,,Оваа промена кај приватната болница, не претставува нарушување на условите во однос на просторот, опремата и стручниот кадар за вршење на дејноста на установата. Сите останати болнички услуги, сложени хируршки интервенции во областа на гинекологијата, како и дијагностичките и терапевтските процедури во двете области (гинекологија и акушерство), продолжуваат да се извршуваат непречено и во целосен капацитет.“, соопштуват од министерството

Според промените, КБ Штип останува единствена во регионот за породување, што претставува голема одговорност за целиот персонал.

Иван Митев, М-Нет