Семејство пола час заглавено во лифт во зграда во Штип

Шестчлено семејството останало заглавено во лифт во зграда на улица „Генерал Михајло Апостолски“ 25 во Штип. Станува збор за три малолетни деца меѓу кои и тримесечно бебе и тројца возрасни членови. Во лифтот останале заглавени половина час. И овде реагирале екипи на ТППЕ Штип при што семејството е спасено.