
Третолигашот Росоман ги започна подготовките за новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југ.
Младите фудбалери на некогашниот второлигаш лани се стегнаа со големо искуство, па оваа сезона влегуваат посремни за игра. Од клубот најавуваат дека имаат неколку повратници со што екипата ќе добие на искуство и квалитет.
Росоман во новата сезона ќе биде предводен од долгогодишниот играч Желимир Трикиќ, а негови соработници ќе бидат Душко Кареов, Адријан Филипов и Стефан Јованов.
„Се надеваме дека сите жители на општина Росоман ќе ни дадат поддршка сезонава. Исто така, се надеваме на одлична соработка со нашиот градоначалник, Стојан Николов и советот на општина Росоман, како и во минатата сезона. Во оваа прилика би ги повикале и компаниите од приватниот сектор, да се вклучат кон поддршката на овие момци, кои ќе истрчаат за вашиот Росоман“, велат од клубот.