Пожар избувна кај викенд куќите кон Мантово

Полни раце работа и за пожарникарите од ТППЕ Штип. Интервенираа со две возила и пет пожарникари, на пожар кој избувна денеска на патот кон Мантово, во близина на викенд куќите. Благодарение на брзата реакција спречена е поголема катастрофа Апелот останува ист, граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено.