Седум бронзи, три сребра и два златни медали за КБК Гладијатор Штип од првенството во Скопје

Седум брозни, три сребра и два злати медали е исходот од државното првенсво во кикбокс за клубот Гладијатор од Штип. Од првенството кое вчера се оддржа во Скопје со бронза се вратија Јована Симонова во дисциплина сениор, Марко Лазаров- јуниор, Слаџан Тасев – помалда кадет, Баже Јанев, Михаил Јанев, Димитар Иванов и Максим Иванов во дисциплина деца од 6 до 9 години. Среброто заврши во рацете на Славче Арсов кој настапуваше во дисциплина сениор, Ива Петрова – јуниор и Андреј Алексов – помлад кадет. Златни медали од Скопје донесоа Антонија Тасева која се бореше во дисциплина помлад кадет исто како и Анамарија Стоилкова.

Кикбокс клубот Гладијатор од Штип на првенството во Скопје настапи со 20 учесници од различни дисциплини, а подготовките започнаа претходната недела со по два тренизи дневно, на пешачката патека во Штип и на Исарот.

Лаура Стојанова М-Нет