Седумгодишниот Милијан Чаршавски е најмладиот автор на сликовница во Кочани

На само седум годишна возраст, младиот Милијан Чаршавски од Кочани е најмладиот автор на детска сликовница издадена во библиотеката Искра. Денеска пред првачињата од основните училишта во Кочани се промовираше книгата „Моите здрави навики“.

Со интеракција децата учествуваа на промоција на книгата „Моите здрави навики“ која прествува сликовница за најмладите. Задоволството за издавањето на оваа сликовница не го сокри и директорката на библиотеката, додавајќи дека ваквите навики и оваа пракса треба да се негуваат и во иднина.

„Еден многу интересен настан промоција на книгата „Моите здрави навики“ од авторот Милијан Чаршавски. Библиотека Искра се јавува како издавач на оваа сликовница која е издадена од досега најмладиот автор, седум годинки и прво одделение ученик во ОУ Никола Карев.“ – вели Георгиевска.

Да се негува убавиот пишан збор, да се следат здравите навики и да се издаваат многу повеќе вакви сликовнци, од деца за деца истакна во својата изјава еден од промоторите на денешната сликовница.

„Чест ни е што сме присутни на еден ваков настан каде автор е дете. Му посакувам многу успех во иднина и се надевам дека ќе се промовираат здравите навики“ – додаде Јанков.

Ова е прва книга издадена од толку млад автор во кочанската библиотека.

Лаура Стојанова М-Нет