
Јорданов на спектакуларна прес-конференција во улога на обвинител – вака од ОО на СДСМ Штип ја коментираат кривичната пријава која ја поднесе штипскиот градоначалник против претходен директор на ЈП „Исар“. Оттаму додаваат дека тој досега бил портпарол-заштитник на своите локални функционери, денеска е во улога на обвинител пред ОЈО, но прашањето, според нив, е кога ќе биде во улога на градоначалник и ќе се разбуди од двегодишниот зимски сон.
Кога веќе е во просториите на ОЈО, лицето Иван Јорданов треба да праша:
-До каде е постапката за неговата десна рака – секретар на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова која ја злоупотреби функцијата за да изгради дивоградба, за која истиот Јорданов најавуваше санкции?
-До каде е постапката за директорката на детската градинка „Астибо“, Мусева?
-До каде е постапката за лицето од кабинетот на градоначалникот за злоупотреба на нафта?
Јорданов има многу да прашува, бидејќи за само две години вмровските функционери си го покажаа вистинското лице, но сепак правдата ќе излезе на виделина, бидејќи заврши времето на „тефтерчето“ на Горде.
Според ОО СДСМ Штип, прашањето од граѓаните е дали сите гореспоменати криминали за кои има постапки водат дирекно кон Иван Јорданов и дали тоа е причината што тој по секоја цена го дефокусира вниманието на јавноста.
Ребека Спасова М-Нет